Skip to main content

Муртезани на средба со полскиот министер за прашања на ЕУ, Адам Шлапка, во Варшава 

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, оствари средба со полскиот министер за европски прашања, Адам Шлапка, во рамки на својата работна посета на Варшава, Полска. Средбата се одржа во духот на одбележувањето на почетокот на полското претседавање со Советот на Европската Унија.

На средбата се разговараше за приоритетите на полското претседавање, со особен акцент на зајакнувањето на европската перспектива за земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија. Министерот Муртезани ги истакна досегашните постигнувања на Македонија во пристапните преговори со ЕУ и ја нагласи важноста на поддршката од земјите-членки за понатамошно унапредување на интегративниот процес.

Министерот Шлапка ја потврди заложбата на Полска за активно поддржување на европските аспирации на Македонија, истакнувајќи дека проширувањето на Европската Унија останува еден од клучните приоритети на полското претседавање.

Двајцата министри се согласија дека зајакнувањето на регионалната соработка, економската стабилност и имплементацијата на реформите се од суштинско значење за создавање на стабилен и просперитетен регион.

Министерот Муртезани изрази благодарност за континуираната поддршка на Полска и нагласи дека активниот дијалог со земјите-членки на ЕУ е клучен за успешното спроведување на пристапниот процес.

Македонија останува посветена на својата европска иднина, а полското претседавање претставува можност за натамошно зајакнување на заедничките цели за стабилен, интегриран и просперитетен Балкан.

Поврзани вести