
Ирската фудбалска репрезентација ќе го игра натпреварот од Лигата на нации против Израел зад затворени врати на неутрално место, соопшти Фудбалската федерација на Република Ирска (ФАИ).
Одлуката доаѓа по протестите на фудбалерите и навивачите поради бројот на убиени палестински цивили за време на израелски напади во Газа.
Ирска требаше да биде домаќин на Израел на стадионот „Авива“ во Даблин на 4 октомври, додека натпреварот на 27 септември, на кој домаќин треба да биде Израел, исто така, се очекува да се одигра на неутрален терен.
Паралелно со ова, голем број ирските фудбалери, навивачи и познати личности пред неколку месеци почнаа кампања со која повикуваат на бојкот на натпреварите со Израел.
„По консултации со разни засегнати страни, ФАИ верува дека оперативните предизвици би можеле да влијаат на одржувањето на натпреварот дома и истиот ќе се игра надвор од стадионот „Авива“, соопшти Фудбалската асоцијација на Ирска.
Според здравствените власти во Газа, речиси 73.000 луѓе, претежно цивили, се убиени во Газа од почетокот на војната.
Израел го започна нападот откако милитантите предводени од Хамас навлегоа преку границата, убивајќи 1.200 луѓе и земајќи 251 израелски и странски заложници на 7 октомври 2023 година.
Ирска е еден од најгласните критичари на израелската војна во Газа меѓу земјите членки на Европската Унија, а членовите на ФАИ гласаа со огромно мнозинство кон крајот на 2025 година за нејзиниот комитет да побара од УЕФА веднаш да ја суспендира Израелската фудбалска асоцијација од европските натпреварувања

Македонски



