Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не ги потценува младите и да не се обидува повторно да им продава бајки 

СДС повторно продава илузии како во минатото со предизборните бајки за младите, истите оние млади кои токму за време на нивното владеење масовно ја напуштаа Македонија во потрага по подобар живот, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Бојан Цветаноски од СДММ.

По седум години власт, СДС нема кредибилитет да зборува за младински политики. Ако навистина знаеле како да ги задржат младите, зошто десетици илјади си заминаа токму во периодот кога тие ја водеа државата?

Зошто тогаш немаше 30.000 евра грантови, помош за студентите, евтини кредити и гарантирани работни места?

Граѓаните знаат дека СДС секогаш ветува сѐ, а кога е на власт заборава на ветувањата.

Денес ветуваат по 30.000 евра за бизнис, утре ќе ветат и по 50.000 евра, но младите бараат реални политики, а не маркетиншки кампањи и празни слогани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ .

Отааму додаваат дека младите си заминаа поради корупција, партизација, ниски плати и изгубена перспектива, проблеми кои токму СДСМ ги продлабочи додека беше на власт.

Разликата е јасна. СДС нуди брошури со неостварливи ветувања, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на отворање нови работни места, привлекување инвестиции, економски раст и создавање услови младите да ја гледаат својата иднина дома.

На Македонија не ѝ требаат нови шарени лаги. На младите им треба сигурност, перспектива и држава која создава можности преку работа и резултати, а не бајки и фантазии на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести