Skip to main content

САД ги кратат воените обврски кон НАТО: Алијансата ќе изгуби група носачи на авиони, бомбардери и борбени авиони

pixabay

САД почнуваат да ги повлекуваат клучните воени сили ветени на НАТО на море и во воздух со непосреден ефект, велат три извори од Алијансата за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ).

Намалувањето вклучува ударна група носачи на авиони, ескадрила на бомбардери со долг дострел и повеќе од 50 борбени авиони.

Како што пишува весникот, одлуката ги изненадила сојузниците во Алијансата.

Не е можно целосно да се замени ова оружје. Дури и делумна замена ќе потрае долго време, велат изворите.

Поврзани вести