
Новиот список на лектири за основно деветгодишно образование ќе започне да се реализира од учебната 2026/2027 година.
Лектирниот список е дополнет со нови наслови од домашни и странски автори, со цел следење на стандардите од програмите, односно интерпретирање на книжевни содржини и поврзување на читањето со реалниот живот, збогатување на вокабуларот и создавање навики за читање кај учениците. Читачкото искуство помага во формирањето на личноста, влијае на критичкото размислување и на капацитетот за учење, а се негува и чувството за естетика, велат од Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука.
Заедно со лектирниот список се даваат насоки за реализација на лектирите по образовни периоди, кои опфаќаат препорачани активности, развојно прилагоден пристап и насоки за работа со лектирата согласно очекуваните резултати од учењето по одделенија.
II одделение (се обработуваат 3 задолжителни + 2 изборни лектири)
Задолжителни:
„Зоки Поки“ – Оливера Николова
„Грдото пајче“ – Х. К. Андерсен
„Сказни“ – Браќата Грим
Изборни:
„Тајни незнајни“ – Киро Донев
„Нела Смела и бушавата бура“ – Билјана С. Црвенковска
„Потрага по храброст“ – Билјана Стојановска
„Бакнежи на небото“ – Иван Антоновски
„Касни-порасни“ – Петре М. Андреевски
„Песни“ – Васил Куновски
„Брзалки без врзалки“ – Стојан Тарапуза
III одделение (се обработуваат 3 задолжителни + 2 изборни лектири)
Задолжителни:
„Басни“ – Езоп
„Шеќерна приказна“ – Славко Јаневски
„Орхан“ – Неџати Зекирија
Изборни:
„Кифличката Мирна“ – Оливера Ќорверзироска
„Децата од моето училиште“ – Јадранка Клисарова
„Доктор Офболи“ – Корнеј Чуковски
„Легенда за Марфи Компирката“ – Овен Колфер
„Сакам книга“ – Александар Кујунџиски
„Нешто друго“ – Кетрин Кејв
„Било и се скрило“ – Киро Донев
„Леле, ми се скрши срцето“ – Елиф Јемениџи
„Тино од мојот влез“ – Жарко Кујунџиски
„Бел“ – Ника Гавровска
„Насмеани капки“ – Стојан Тарапуза
„Ова е твое“ – Сане Те Лоу
„Исидора Мун: Оди на училиште“ – Хариет Мункастер
IV одделение (се обработуваат 3 задолжителни + 2 изборни лектири)
Задолжителни:
„Бајки од Македонија“ – Билјана Црвенковска
„Безборовната Ела“ – Викторија Патрашку
„Волшебникот од Оз“ – Лиман Франк Баум
Изборни:
„Сказна за детето Вилен“ – Глигор Поповски
„Белата мечка, синиот кит и другите“ – Цане Андреевски
„Од згода до згода, заграб бистра вода“ – Васил Мукаетов
„Училиштен театар“ – Киро Донев
„Борко Брзозборко“ – Ксенија Маказлиева Трајчева
„Бајка за царот Нај“ – Снежана Иљоска Наумовска
„Овде во близина живее едно девојче“ – Ида Млакар Црнич
„Големата фабрика за зборови“ – Ањес де Лестрад
„Итар Пејо“ – Стале Попов
„Петар Пан“ – Џејмс Метју Бари
„Природо, љубов моја“ (еколошка читанка) – Александар Кујунџиски
„Шила“ – Јана Мишо
„Рокчето“ – Никола Маџиров
„Капетанот Торнадо“ – Миливој Матошец
„Сон на тркала“ – Стојан Тарапуза
„Ѕвездени перничиња“ – Славка Манева
V одделение (се обработуваат 3 задолжителни + 3 изборни лектири)
Задолжителни:
„Пајажината на Клементина“ – Елвин Брукс Вајт
„Пипи Долгиот Чорап“ – Астрид Линдгрен
„За копчето и за среќата“ – Јасмина Петровиќ
Изборни:
„Пинокио“ – Карло Колоди
„Убави зборови“ (избор поезија) – Иван Џепароски
„Гоце Делчев“ – Ванчо Николески
„Шах со Бах“ – Владимир Мартиновски
„Мери Попинс“ – П. Л. Траверс
„Алиса во земјата на чудата“ – Луис Карол
„Хотел за кучиња“ – Луиз Данкан
„Тори и принцот змија“ – К.В. Јохансен
„Златното јаболко“ – Христо Петрески
„Самовилското коњче“ – Душко Наневски
„Епски народни песни“ (избор) – Томе Саздов
„Дневникот од штрковото гнездо“ – Киро Донев
„Приказни големи колку дланка“ (избор) – Џанг Ќиушенг
„Џејмс и џиновската праска“ – Роалд Дал
„Измислување на светот“ – Јадранка Владова
„Мишка“ – Едвард ван де Вендел
„Дворец на опачини“ – Ристо Давчевски
„Малата голема точка“ – Цане Андреевски
„Стапка по стапка од Дојран до Попова Шапка“ – Васил Мукаетов
„Мојата бабичка не знае која сум“ – Ива Безиновиќ-Хејдон
„Насмевката на Мона Глувчева“ – Џеронимо Стилтон
„Авантурите на вујко Лео низ романските степи“ – Џанетс Леви
VI одделение (се обработуваат 3 задолжителни + 3 изборни лектири)
Задолжителни:
„Големи и мали“ – Бошко Смаќоски
„Робинзон Крусо“ – Даниел Дефо
„Матилда“ – Роалд Дал
Изборни:
„Бескрајна приказна“ – Михаил Енде
„Хајди“ – Јохана Шпири
„Мојот пријател А“ – Јадранка Владова
„Втората смена“ – Велко Неделковски
„Белото Циганче“ – Видое Подгорец
„Уличето со обетки од цреши“ – Михо Атанасовски
„Бамбино“ – Ника Гавровска
„Куферко – светскиот патник од Македонија“ – Симона Ристевска
„Двојната Лота“ – Ерих Кестнер
„Децата од Павловата улица“ – Ференц Молнар
„Сештологија“ – Ванчо Полазаревски
„Кралот на Златната река“ – Џон Раскин
„Божиќна песна во проза“ – Чарлс Дикенс
„Црни и жолти“ – Славко Јаневски
„Приказни за добра ноќ“ – Киро Донев
„Народни приказни на балканските народи“ (избор) – Томе Саздов
„Земјата на заборавените сказни“ – Билјана Црвенковска
„Тешко е да не ме сакаш“ – Јасминка Петровиќ
„Аги и Ема“ – Игор Коларов
„Децата во мобилниот телефон“ – Џоу Син
„Шерлок Холмс за деца“ – Артур Конан Дојл
„Брзосплетковска 63 и случајот со смрдливите чорапи“ – Катерина Трајановска
„Девојчето со форичката“ – Ева Камчевска
„Островот со скриеното богатство“ – Роберт Луис Стивенсон
VII одделение (се обработуваат 4 задолжителни + 3 изборни лектири)
Задолжителни:
„Силјан Штркот“ – Марко Цепенков
„Приказна за Доктор Дулитл“ – Хју Лофтинг
„Без зборови“ – Џенифер Мук Сенг
„Авантурите на Том Соер“ – Марк Твен
Изборни:
„Збунети години“ – Велко Неделковски
„Тоње Глимердал“ – Марија Пар
„Перуновата стрела“ – Нина Атанасова Шкрњариќ
„Раскази“ – Александар Поповски
„20.000 милји под морето“ – Жил Верн
„Најубави митови од антиката“ – Густав Шваб
„Игбал, мојата тајна“ – Јагода Михајловска-Георгиева
„Аз, буки“ – Видое Подгорец
„Светлина зад ридот“ – Трајче Крстески
„Од цвет до цвет“ (избор) – Адем Гајтани
„Книга за џунглата“ – Радјард Киплинг
„Раскази“ (избор) – Раде Силјан
„Мојот звук“ – Оливера Николова
„Ноќните птици“ – Тормод Хуген
„Лисичја месечина“ – Маша Огризек
„Операција чист воздух“ (прва книга) – Џеронимо Стилтон
„Пат околу светот за 80 дена“ – Жил Верн
VIII одделение (се обработуваат 4 задолжителни + 3 изборни лектири)
Задолжителни:
„Споменка“ – Горјан Петревски
„Поезија“ (избор) – Раде Силјан
„Мио, мој Мио“ – Астрид Линдгрен
„Емил и детективите“ – Ерих Кестнер
Изборни:
„Бегалка“ – Васил Иљоски
„Девојките на Марко“ – Оливера Николова
„Бојан“ – Глигор Поповски
„Цар Салтан“ – Ефтим Клетников
„Девојчето од Шестата Месечина“ – Муни Вичер
„Хаклбери Фин“ – Марк Твен
„Калеш Анѓа“ – Стале Попов
„Шармери од осмо“ – Велко Неделковски
„Добар ден тато“ – Стјепан Томаш
„Пет деца и тоа“ – Едит Незбит
„Бадникова вечер“ – Хуан Беиѓиа
„Забранета соба“ – Александра Симова-Клинчарова
„Агата Мистери – Загатката на фараонот“ – Сер Стив Стивенсон
„Гуливеровите патувања“ – Џонатан Свифт
IX одделение (се обработуваат 4 задолжителни + 3 изборни лектири)
Задолжителни:
„Застани на небото“ – Ерин Боу
„Дневникот на Ана Франк“ – Ана Франк
„Повик на дивината“ – Џек Лондон
„Малиот принц“ – Антоан де Егзипери
Изборни:
„Детството на Конески“ – Мишо Китаноски
„Белиот кловн“ – Дамир Милош
„Книга за сѐ“ – Хус Каијер
„Ванда“ – Силвија Шесто
„Чорбаџи Теодос“ – Васил Иљоски
„Бели мугри“ – Кочо Рацин
„Хари Потер и Каменот на мудроста“ – Џ. К. Роулинг
„Исти очи“ – Горјан Петревски
„Чудна случка во ноќта“ – Марк Хадон
„Момчето во пижами на риги“ – Џон Бојн
„Ен од зелената фарма“ – Луси Мод Монтгомери
„Братучед ми доаѓа“ – Ќин Венѓун
„Ти носам пустински песок“ – Винка Саздова
„Александра“ – Томе Арсовски
„Автобиографија“ – Григор Прличев
„Јас сум Акико“ – Стефан Тиќми
„Се викам храброст“ (50 приказни за македонски хероини) – приредувач Надица Фирфова
„Старецот и морето“ – Ернест Хемингвеј

Македонски



