Skip to main content

„Креативен ден“ одржа младински креативен конкурс за дизајн на маица, најдобар беше Владимир Трајанов од Струмица

Оваа година „Креативниот ден“, препознатливиот настан во Битола во организација на Божиловиќ продукција и СОУ. „Таки Даскало“, во соработка со ЕАМ , текстилната компанија од Штип, го одржа новиот младински креативен конкурс за дизајн на маица, наменет за средношколци кои сакаат преку визуелен израз и порака да го претстават својот став, идентитет и креативност. Конкурсот им даде можност на учениците:
– да создадат авторски дизајн со сопствена порака
– да бидат јавно претставени
– да стекнат вредна референца за своето портфолио. Право на учество имаа ученици од средни модно-текстилни училишта од целата држава. Пристигнатите трудови ги оценуваше стручно жири составено од КД. и ЕАМ кои ги разгледуваше цртежите и избра победник кој беше специјален гстин на КРЕАТИВЕН ДЕН 2026, покрај наградата за освоено прво место (Признание, 30 маици со сопствениот дизајн и посета на текстилната компанија). Па така победник беше Владимир Трајанов од Струмица, роден 2010год. Тој учи за Техничар за дизајн на облека во СОУ „Никола Карев“.

„Во иднина мојата желба е да бидам моден креатор, дизајнер и да имам свое ателје. Мојот план е да започнам со својот бренд со наградата од EAM“, ни рече Владимир.

Сопствениците на ЕАМ, Александар и Марија Патриклиски, (која минатата година беше една од Дамите во соработка со училиштето од Штип) и нивниот син Никола задоволни од соработката со Креативниот ден.

„Соработката која ја имаме развиено овие две години со Креативен Ден ни значи многу поради концептот и симбиозата помеѓу нас како текстилна индустрија и Креативен Ден како склоп на сите текстилни училишта во државата.Веќе ни е еден од проектите во нашиот календар на кој се радуваме најмногу“, изјавуваат од ЕАМ.

Настаните како овој и Конкурсот кој произлезе од соработката, се од особено значење за младите.
„Со оглед на тоа колку многу пријави добивме ние , и колку многу труд гледаме во креациите на самиот настан , сигурни сме дека иако и ние се радуваме на ова, младите уште повеќе. Огромен предизвик преставуваше селекцијата, бидејќи станува збор за креативни дела со различни пораки , но со многу внимание и спремни критериуми стигнавме до најдоброто дело“.

Од друга страна Весна Божиловиќ од Божиловиќ продукција, истакна:

„Ваквите иницијативи се вистинска можност младите креативци да го почувствуваат предизвикот на натпреварувањето, да излезат со свој став и да добијат чувство дека некој го вреднува нивниот труд и талент. Конкурсите не се само награди – тие се самодоверба, храброст и прв чекор кон професионално докажување“.

Темата за Креативниот Ден 2026 Битола, оваа година беше„Филм“. Настанот ја обедини најсилната млада модна енергија во земјата и го презентираше потенцијалот на новата генерација модни креативци. Повеќе од 30 тимови од девет средни училишта и девет градови, учествуваа во петтото јубилејно издание на овој уникатен едукативно-креативен моден настан, каде што младите дизајнери работеа рамо до рамо со професионален дизајнер-ментор и Дама која ја носеше и презентираше нивната креација на ревијата.

Поврзани вести