Skip to main content

Пожар во Кисела Вода, чад и детонации ги разбудија жителите

Жителите на Кисела Вода утринава имаа непријатно будење, откако настана пожар во орман на ЕВН пред станбена зграда.

Пожарот избувнал околу 05:30 часот пред влез на станбен објект лоциран во близина на „11 Октомври бараки“. Граѓаните слушале детонации, а густ чад се забележуваше низ цела населба.

Денеска околу 05:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ настанал пожар во орман на ЕВН при што изгореле кабли. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанувањето на пожарот и за расчистување на случајот.

Поврзани вести