Skip to main content

Прво издание на Фестивалот на ментално здравје „Иницирај промена! Креирај гласно“

Во тек е првото издание на Фестивалот на ментално здравје: „Иницирај промена! Креирај Гласно.“, кој почна на 9-ти и ќе трае до 15 јуни во просториите на Националната галерија – Мала Станица во Скопје.

Овој проект на Здружението за едукација, промоција и заштита на здравствените и човековите права „Биди Човек“, реализиран со поддршка од Ротари Клуб Скопје, Ротари Клуб Скопје Интернационал, РК Скопје Камени Мост, Ротари Скопје Академија и РК Скопје Вардар 245.

Низ серија едукативни и креативни работилници, младите имаа можност преку разговор, учење и уметничко изразување да ги споделат своите размислувања, стравови и емоции поврзани со менталното здравје и предизвиците во секојдневниот живот.
Фестивалот нуди разновидна седумдневна програма наменета за различни целни групи:
9 јуни (Вторник) | 19:00 ч. – Свечено отворање, изложба на младински дела и панел-дискусија.
10 јуни (Среда) – Работилница со Uniform Women (инспиративни споделувања и поддршка).
11 јуни (Четврток) – Квиз со Димитар Банов (едукација преку забава и дружење).
12 јуни (Петок) – Специјализирана работилница за ментално здравје кај кошаркарски тренери (важноста на менталната подготвеност во спортот кај младите).
13 јуни (Сабота) – Paint and coffee (креативно опуштање, уметност и кафе во пријатна атмосфера).
14 јуни (Недела) – Ден за посета на изложбата и рефлексија.
15 јуни (Понеделник) – Љубовни писма (затворање на фестивалот со емотивна и исцелувачка активност за изразување на чувствата).

Изложбата ќе биде отворена за посетители секој ден од 9 до 15 јуни 2026 година, а влезот за сите настани е слободен.

Вашето присуство ќе биде најголема поддршка за младите автори кои преку своите дела испраќаат силна порака за важноста на менталното здравје, прифаќањето на емоциите и грижата за себе и за другите. На самата изложба ќе биде поставена кутија за донации. Сите собрани средства ќе бидат искористени за овозможување и реализација на следните работилници од циклусот „Иницирај промена! Креирај Гласно.“, со цел да допреме до што повеќе млади луѓе на кои им е потребна поддршка, велат од Здружението за едукација, промоција и заштита на здравствените и човековите права „Биди Човек“.

Поврзани вести