Skip to main content

Во СДСМ се исплашија од изјавата на Мицкоски дека многу скоро ќе има избори

Мицковски денес изјави дека парламентарни избори ќе има многу скоро.  Ова доаѓа откако со месеци тврдеше дека нема да има предвремени избори и дека мигрантите, односно економските работници нема да доаѓаат оваа година, се вели во соопштението од СДСМ.

Сега, одеднаш, изборите се „многу скоро“.

Ова не е прв пат Мицковски да ја менува приказната според моменталната потреба. 
Има двајца Христијан Мицкоски. 

Едниот ќе го враќаше името, најавуваше поништување на Преспанскиот договор а другиот го прогласи за ремек-дело на дипломатијата. 

Едниот беше против НАТО, другиот сега го фали со членството. 

Едниот со Латас водеше антиевропска кампања, другиот во странство кажува дека ќе прави реформи и дека оди кон Европа.

Исто е и со изборите. 

Додека имаше пари и можност да се задолжува, Мицкоски тврдеше дека избори нема да има. 

Сега, им снемува пари, не може да ја задолжува државата и граѓаните колку што сака, одеднаш изборите вели дека се „многу скоро“.

Мицковски и неговата банда се плашат од моментот кога ќе немаат повеќе пари за да ја одржуваат власта и тендерите. 

Затоа, штом ќе им снема пари за задолжување, ќе побрзаат кон избори.
На сите сега им е јасно. 

Нема веќе граѓанин во Македонија што не знае дека Мицкоски дојде на власт со лаги и дека денес владее со лаги.

Поврзани вести