
На СДСМ му се заканува изборна кланица, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Македонски Брод, коментирајќи го вчерашниот брифинг на платформата 12:05 составена од поранешни и сегашни функционери на партијата, кои се незадоволни од сегашното раководство и го сметаат за виновно за состојбата во која се наоѓа СДСМ.
Не сакаме нова партија, ние сме СДСМ, рекоа вчера од платформата и најавија дека имаат разработен план како да го натераат Венко Филипче да замине од лидерската позиција и со тоа да ги вратат вредностите со кои партијата се гордее.

Македонски


