
Вчера во 18:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Народен фронт“ во Скопје велосипед удрил во пешакот Х.А.(83) од Скопје, по што велосипедистот го напуштил местото.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Х.А., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ Скопје.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонски



