
Мицковски денес изјави дека парламентарни избори ќе има многу скоро. Ова доаѓа откако со месеци тврдеше дека нема да има предвремени избори и дека мигрантите, односно економските работници нема да доаѓаат оваа година, се вели во соопштението од СДСМ.
Сега, одеднаш, изборите се „многу скоро“.
Ова не е прв пат Мицковски да ја менува приказната според моменталната потреба.
Има двајца Христијан Мицкоски.
Едниот ќе го враќаше името, најавуваше поништување на Преспанскиот договор а другиот го прогласи за ремек-дело на дипломатијата.
Едниот беше против НАТО, другиот сега го фали со членството.
Едниот со Латас водеше антиевропска кампања, другиот во странство кажува дека ќе прави реформи и дека оди кон Европа.
Исто е и со изборите.
Додека имаше пари и можност да се задолжува, Мицкоски тврдеше дека избори нема да има.
Сега, им снемува пари, не може да ја задолжува државата и граѓаните колку што сака, одеднаш изборите вели дека се „многу скоро“.
Мицковски и неговата банда се плашат од моментот кога ќе немаат повеќе пари за да ја одржуваат власта и тендерите.
Затоа, штом ќе им снема пари за задолжување, ќе побрзаат кон избори.
На сите сега им е јасно.
Нема веќе граѓанин во Македонија што не знае дека Мицкоски дојде на власт со лаги и дека денес владее со лаги.

Македонски



