
Полска бара учество во преговорите за Украина, објави „Ројтерс“.
Според полкиот премиер Доналд Туск, официјална Варшава не е задоволна од преговарачкиот формат „Е3“, кој ги вклучува само Велика Британија, Германија и Франција.
Овој формат го исклучува учеството на другите европски сојузници на Украина.

Како што пренесува агенцијата, Туск истакнал дека разговарал за ова прашање со италијанската премиерка Џорџа Мелони, која исто така не е ентузијастична за овој пристап.
Туск нагласува дека сите одлуки или договори донесени без учество на Варшава нема да бидат обврзувачки за Полска.
Многу сум претпазлив во врска со идеите што се слушаат во Западна Европа во врска со најраниот можен почеток на дијалог или преговори со Путин за Украина“, вели Туск.
Во исто време, Туск објави дека во наредните денови ќе се одржи поширок состанок посветен на Украина. Планирано е на лидерите на Велика Британија, Франција и Германија да им се придружат претставници на Полска и Италија.

Македонски



