
Три лица се повредени во инцидент во училиште во Манчестер, при што полицијата уапси една ученичка, јавуваат британските медиуми.
Според „Манчестер ивнинг њуз“ (Manchester Evening News), повредените се здобиле со рани кои одговараат на убоди од нож.
На снимките од местото на настанот се гледа голем број припадници на итните служби пред училиштето „Ко-оп Академи Блекли“ (Co-op Academy Blackley), додека родителите известуваат дека училиштето веднаш било ставено под безбедносна блокада.
Над училиштето бил забележан и хеликоптер, а возила на полицијата на Голем Манчестер и на службите за итна помош биле распоредени пред влезот и во училишниот двор.
Според весникот „Мирор“ (The Mirror), на родителите им било потврдено дека училиштето е затворено од безбедносни причини.
Засега не е познато што точно довело до инцидентот, но на терен се ангажирани голем број припадници на службите за итни интервенции.
Три лица се повредени, но во овој момент не се верува дека нивните повреди се сериозни. Итните служби и понатаму се на местото на настанот и му обезбедуваат поддршка на училиштето. Не се смета дека постои поширока закана за учениците и за персоналот“, се додава во соопштението од полицијата.

Македонски



