Светската здравствена организација (СЗО) денеска побара 1,5 милијарди долари за итни операции во 2025 година.
СЗО предупредува дека конфликтите, климатските промени, епидемиите и раселувањето заедно создадоа „глобална здравствена криза без преседан“.
Без соодветно и одржливо финансирање, се соочуваме со невозможната задача да одлучиме кој ќе добие нега, а кој не, оваа година, изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.