
Жена со тешки повреди и во некотактибилна состојба е пренесена на скопските клиники за понатамошно лекување откако малолетник ја прегазил со електричен тротинет на улица во Тетово.
Како што информираа од СВР Тетово, вчера околу 10:00 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Илинденска“ во Тетово, спроти Основниот суд, се случила сообраќајна несреќа во која електричен тротинет управувано од 16- годишен малолетник од село Лисец, удрил во пешакот И.Ѓ. (32) (женско) од село Непроштено.
По несреќата, пешакот И.Ѓ. во неконтактибилна состојба итно била пренесена во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош, од каде поради сериозноста на здобиените повреди, таа е префрлена на понатамошно лекување во Комплекс клиникит ,,Мајка Тереза” во Скопје, соопштија од тетовската полиција.
На местото на настанот увид извршила екипа на СВР Тетово.

Македонски


