Skip to main content
НОВИ ПРАВИЛА ОД 1 ЈУНИ

Само две пакети цигари и максимум 430 евра по човек може да внесе македонски патник во Хрватска

Влезот во Хрватска стана значително потежок од 1 јуни поради целосното спроведување на новите европски правила на земјата за патници од земји од регионот што не се членки на ЕУ. Овие правила најмногу ги засегаат превозниците и компаниите, но за патниците од Македонија важни се строгите царински ограничувања за храна, цигари, алкохол и вредност на личниот багаж.

Патниците не треба да поднесуваат скратена декларација за личниот багаж, но мора да ги почитуваат вредносните лимити за ослободување од царина и ДДВ. Лимитот е 430 евра за патници во авионски и поморски сообраќај, 300 евра за патници во патен и железнички сообраќај и 150 евра за патници помлади од 15 години.

Во патниот и железничкиот транспорт дозволено е внесување: 40 цигари или еквивалентни количини на други тутунски производи, 1 литар алкохолен пијалок со над 22% алкохол, 4 литри вино и 16 литри пиво. Ослободувањата за тутунски и алкохолни производи не важат за лица под 17 години.

Не е дозволено внесување месо, млеко и нивни производи, но може да се внесе до 20 килограми риба по лице, до 2 килограми мед, јајца и други производи од животинско потекло, до 2 килограми храна за бебиња, медицинска храна и специјална храна за домашни миленици. Леб, бисквити, чоколадо, тестенини, додатоци во исхраната и слични производи за лична употреба може да се внесат ако ги исполнуваат пропишаните услови.

Непријавените или нелегалните производи од животинско потекло се конфискуваат и уништуваат, а патникот може да биде парично казнет.

Поврзани вести