Skip to main content

Пациент пронајден починат во Психијатриската болница во Демир Хисар

Пациент од радовишкото село Дедино бил пронајден починат во Психијатриската болница во Демир Хисар, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, случајот бил пријавен на 30 мај во 09:25 часот во ОВР Демир Хисар. Станува збор за И.Г., кој бил хоспитализиран и се лекувал во здравствената установа.

На местото на настанот увид извршила увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција врз телото на починатиот со цел да се утврдат причините за смртта.

Поврзани вести