Skip to main content

Човек со прострелна рана пронајден мртов кај Смилковци

На 21.11.2026 во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот.

Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место, при што е утврдено дека лицето е Ш.Е.(38) од с. Љубин, скопско.

-Во близина на телото е пронајдено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал. Од Итна медицинска помош констатирана е смрт, при што е забележана прострелна повреда во пределот на ногата. Извршен е увид од увидна екипа при СВР Скопје, информира МВР.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на кривично правниот настан.

Поврзани вести