Skip to main content

ЛШ финале: ПСЖ и Арсенал играат продолженија

фејсбук/ПСЖ

Екипите на Арсенал и на ПСЖ играат продолженија, откако основните 90 минути во финалето на Лигата на шампионите завршија нерешено 1:1.

Германецот Каи Хаверц го отвори резултатот во 6. минута. Лондонци ја пресретнаа топката по грешката на дефанзивецот на ПСЖ, Маркињос, во центарот на теренот. Хаверц влезе во противничкиот шеснаесетник од левата страна и шутираше под пречката од тежок агол.

ПСЖ израмни преку Усман Дембеле кој го реализираше пеналот во 65.минута.

Судијата Даниел Зиберт оправдано досуди пенал за прекршок на дефанзивецот на ПСЖ, Кристијан Москера, кој го сопна крилниот напаѓач на Париз, Квича Кварацхелија. По прегледот на ВАР, судијата ја потврди својата првична одлука.

Натпреварот се игра на Пушкаш Арената во Будимпешта, Унгарија.

Поврзани вести