Иако вчера Вишиот суд во Зајачар требаше да донесе одлука за обвинението против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ осомничени за убиството на двегодишната Данка Илиќ, тоа не се случи, а судот само накратко најави дека ќе продолжи со одлучувањето за обвинението.
Милинко Јовановиќ, адвокат на Радослав Драгијевиќ, татко на обвинетиот Дејан вели дека сите опции се отворени па дури и осомничените да излезат на слобода.
Точно е дека Апелациониот суд не му одредил рок на Вишиот суд да донесе одлука по обвинителниот акт, а Апелациониот суд не е овластен да го стори тоа, ниту да го определи тој рок. Во Законот за кривична постапка е пропишан рок од 15 дена за испитување на обвинителниот акт и донесување на таа одлука. Во конкретниов случај рокот од 15 дена се пресметува од денот на приемот на предметот со решение на Апелациониот суд до Вишиот суд во Зајечар, а не од денот на одлуката на Апелациониот суд во Ниш