Skip to main content

Операта што ја промени историјата ќе го затвори 54 издание на Мајските оперски вечери!

Некои претстави се дел од репертоарот. Други стануваат дел од историјата.

Кога Џузепе Верди ја создал „Набуко“, поминувал низ еден од најтешките периоди во својот живот. Малкумина верувале дека токму ова дело ќе го најави пресвртот.

А, потоа, се случила магијата.

Публиката ја препознала силата на приказната за слободата, надежта и човечката издржливост. Денес, повеќе од 180 години подоцна, „Набуко“ останува една од најизведуваните опери во светот.

На 31 мај, имате можност да ја доживеете оваа монументална опера во Македонската опера и балет, како свечено затворање на 54.Мајски оперски вечери.

Поврзани вести