Skip to main content

Колку повеќе вреди вашиот бизнис и колку е тој поголем, толку е државата посилна, кажа Мицкоски на отворањето на трговскиот центар во Гевгелија

Фејсбук профил на Христијан Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на отворање на првиот модерен трговски центар „Mega shopping Park“, инвестиција вредна над 15.000.000 евра во Општина Гевгелија.

За мене претставува огромна чест и задоволство што денеска можам да присуствувам на овој прекрасен настан во Гевгелија. Отворањето на овој шопинг-центар којшто е не само додадена вредност за економијата тука во Гевгелија, туку очекувам да прерасне во едно место коешто ќе го посетуваат сите оние коишто ќе транзитираат низ Македонија, бидејќи навистина содржините што ги нуди се импресивни, кажа Мицкоски.


Тој се заблагодари на градоначалникот за поддршката којашто во текот на целата инвестиција ја даваше на инвеститорот.

Да се заблагодарам на инвеститорот, колку повеќе вреди вашиот бизнис и колку е тој поголем, толку државата станува посилна. Тоа е една двонасочна улица, изјави Мицкоски.

Поврзани вести