
Во време кога македонската музичка сцена повторно добива свежина и сѐ повеќе се создава домашна музика со современ израз, Марија Спасовска ја објави новата песна „Скопје го сакам ради тебе“, една од композициите од нејзиниот актуелен албум „Седатив“.
Автор на песната е самата Марија Спасовска, која ги потпишува музиката и текстот, додека аранжманот е дело на Николче Мицевски. Песната доби и видео запис, продолжувајќи ја најавата што пејачката ја даде при промоцијата на албумот — дека секоја песна од проектот ќе добие своја визуелна приказна.
Во оваа песна навистина најмногу верувам и мислам дека е еден од главните адути на албумот. Сепак, публиката е таа што на крајот го дава последниот збор и се надевам дека ќе ја почувствува емоцијата што ја носи „Скопје го сакам ради тебе“, изјави Спасовска.
Албумот „Седатив“, кој беше промовиран пред неколку недели, носи повеќе различни музички приказни и претставува ново музичко поглавје за Марија Спасовска. Со „Скопје го сакам ради тебе“, таа продолжува да го гради својот препознатлив музички стил и современ звук.

Македонски


