Skip to main content

Во Пинтија загина жена откако избил пожар во куќата во која живеела

Жена почина откако пожар избувнал во куќа во Пинтија, доцна синоќа.

На 28.05.2026 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека во куќа, сопственост на С.К.(45), а во која живеела и нејзината мајка М.В.(85) во населба Пинтија во Скопје, настанал пожар. Од повредите здобиени во пожарот, починала М.В., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информира МВР.

Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Полициски екипи во текот на денот ќе извршат увид.

Поврзани вести