
Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка по повод празникот Курбан Бајрам до граѓаните од исламска вероисповед посакувајќи празничните денови да донесат радост, топлина и надеж, а во секое семејство љубов, мир и бериќет.
Мицкоски посочува на вредостите на кои потсетува Курбан Бајрам – солидарноста, човечноста, меѓусебната почит и грижата за ближните и порачува во духот на празникот да продолжиме заеднички да градиме општество на разбирање, единство и почитување.
Почитувани граѓани од исламска вероисповед, по повод големиот празник Курбан Бајрам упатувам искрени честитки до вас и вашите семејства, со желби за добро здравје, мир, спокој и благосостојба во секој дом. Курбан Бајрам нѐ потсетува на вредностите на солидарноста, човечноста, меѓусебната почит и грижата за ближните. Во духот на празникот да продолжиме заеднички да градиме општество на разбирање, единство и почитување, каде различностите се наша сила, а заедништвото наша иднина. Нека празничните денови донесат радост, топлина и надеж, а во секое семејство љубов, мир и бериќет. Честит Курбан Бајрам! – наведува Мицкоски во честитката.

Македонски


