
Вчера во 15:50 часот во ЈЗУ УК „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 38-годишната С.К. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од установата во 13:40 часот дека кај нив била донесена малолетната ќерка на С.К. со породилни болки.
Како што соопшти МВР, со таткото на малолетничката Б.К.(38) извршен е службен разговор и известен е јавен обвинител.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.

Македонски



