Skip to main content

Салах е спремен за Мундијалот

 Ѕвездата на египетската фудбалска репрезентација Мохамед Салах, ќе ја предводи репрезентацијата на Египет на Светското првенство. Фудбалерот на премиерлигашот Ливерпул во недела ќе го одигра последниот натпревар за неговиот клуб и сè уште нема објавено каде ќе ја продолжи кариерата.

Сепак селекторот на фудбалската репрезентација на Египет, Хосам Хасан го објави списокот на играчи на кои ќе смета за Мундијалот, каде прв играч е токму Салах.

Египет е во групата Г заедно се репрезентациите на Белгија, Иран и Нов Зеланд, а првиот натпревар го игра на 15.јуни со Белгија во Сиетл.

Поврзани вести