Skip to main content

Клековски: Имаме вишок вработени доктори во јавно здравство, недостасуваат медицински сестри

Архива

​Во скоро сите јавни здравствени установи имаме веројатно вишок на доктори, а недостигаат медицински сестри и кадар за поддршка на здравствена работа, изјави денеска Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) на прес-конференцијата на која говореше за фунцкуионирањето на јавните здраствени установи.

Вие можете да бидете ортопед, уролог, уво, грло, нос, а да не работите во сала, бидејќи таму има и дијагностика, има и интернистички мерки, условно да кажам, не се сите хирурзи чиста, класична хирургија. Меѓутоа и во чистите класични хирургии ние имаме хирурзи кои не влегуваат во сала, не е тоа непознато, изјави Клековски, одговарајќи на новинарско прашање.

​На прашањето дали болниците, јавните здравствени установи ги оправдуваат, и во кој процент ги оправдуваат парите што се влеваат кај нив од здравствената каса, односно од Фондот, Клековски одговори:

Владата има воспоставено критериум за одржливост, бидејќи знаете дека Фондот треба да плаќа услуги, а не буџет на здравствена установа. Владата има одредено 80% фактуриран износ за услуги во однос на буџетот, и сите што се над 80% се сметаат за одржливи. Такви се, на пример, центрите за јавно здравје или повеќето интернистички клиники на Клинички центар „Мајка Тереза“. Сè што е под 80 се смета за неодржливо и со одлука на Владата, заради политички цели, Фондот продолжува да ги финансира иако тие не даваат толку услуги колку што трошат финансиски ресурси, изјави Клековски.

Според него е потребна една јавна расправа за две работи.

Едната е правото на избор на лекар и правото на организација на здравствената заштита. Значи, логиката е дека ние мораме да имаме патека на движење на пациент. Ако тргне од Делчево, која е првата станица, која е втората станица, која е третата станица и утврдени основни способности на болниците што се способни да ги третираат. Да, ако станува збор за рак на панкреас, сигурно дека ќе заврши во терцијарно здравство најверојатно, бидејќи тоа многу ретко се врши надвор од терцијарно здравство. Меѓутоа, ако станува збор за операција на кила, или слепо црево, секој општ хирург би требало да има капацитет тоа да го направи. Меѓутоа, повторно, регионализацијата е прашање, бидејќи и тие хирурзи, за да имаме меѓусебна доверба, мора да имаат минимум број на операции, бидејќи секојдневната работа ве држи во кондиција за потребните зафати, изјави Клековски.

Поврзани вести