Skip to main content

Матурант нападнат од врсници кои со месеци го малтретирале, училиштето знаело за булингот

Вчера во 15:20 часот во СВР Скопје, Д.Т.(66) од Скопје пријавил дека на 14.05.2026 околу 11:10 на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, неговиот син К.Т.(18) бил физички нападнат од Р.А.(18) од с.Трубарево, скопско и 17-годишник.

Според пријавеното, тој подолг временски период бил вознемируван од лицата во кругот на средно училиште во кое учеле, а тоа било претходно пријавено во службата на училиштето.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести