Skip to main content

„Алтус НЗ“ со концерт во македонскиот КИЦ во Истанбул

Во Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, на 21 мај 2026 година (четврток), со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи концерт на ансамблот „Алтус НЗ“, составен од уметниците Елена Стојческа – флејта, Гонца Богоромова-Краповски – сопран, Паскал Краповски – виолончело и Ромен Петио – гитара.

Музичарите се дел од ансамблот „Алтус НЗ“ (Altus NB) – македонско-француска уметничка платформа посветена на современото музичко творештво и афирмација на македонската современа музика на меѓународната сцена.

На концертот ќе биде изведена програма со дела од македонските композитори Дарија Андовска, Дамјан Темков и Бојан Димитровски, како и композиции од Алберт Русел, Астор Пјацола, Мануел Марија Понсе, Хеитор Вила-Лобос и Кери Џејкобс Бонд.

Ансамблот „Алтус НЗ“ е основан во 2021 година како македонско-француски проект чија цел е создавање простор за современ музички израз, меѓународнo вмрежување на композитори, изведувачи и културни институции. И покрај своето релативно кратко постоење, ансамблот веќе има настапувано на повеќе значајни фестивали и концертни сцени во Македонија и Европа.

Поврзани вести