
Вчера во 13:40 часот во СВР Тетово, А.Р.(29) од с.Бозовце, тетовско, пријавил дека на тротоарот на улица
„Љуботенска“ во с.Мала Речица, тетовско, патничко возило „џип“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал М.Н.(60) од Мала Речица, со зголемена брзина се упатило кон него и го удрило на левата нога и левата рака. Потоа, возачот излегол од возилото со намера физички да го нападне, но тој успеал да побегне и се упатил во Клиничката болница во Тетово за укажување лекарска помош.
Oд МВР велат дека се работи на расчистување на настанот.

Македонски


