Skip to main content

Мисајловски-Варнс: Македонската Армија се модернизира со софистицирани возила и системи од американско производство

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари средба со в.д. амбасадорката на САД, Никол Варнс, на која, како што сподели, разговарале за стратешкото партнерство и одбранбената соработка помеѓу двете земји, како и за заедничката посветеност кон безбедноста и стабилноста во рамки на НАТО Алијансата.

Ја потврдивме силната македонско-американска соработка и продолжуваме активно да работиме на модернизацијата и развојот на одбранбените капацитети, со фокус на унапредување на интероперабилноста и подготвеноста на Армијата.
Македонската Армија се модернизира со нова и современа опрема, вклучително и софистицирани возила и системи од американско производство, со што инвестираме во уште посилна, поопремена и поефикасна Армија, порача министерот Мисајловски.

Поврзани вести