Skip to main content

Од АМСМ апел возачите да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот, особено на делниците со одрони

Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна во моментов нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат возачите да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на делниците каде постои можност од појава на одрони. Како покритични се посочуваат патиштата Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Воедно, од 15 април повторно е отворен за сообраќај патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица, и тоа за сите возила со тежина до 3,5 тона.