Skip to main content

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Утре во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ – Скопје, ќе се одржи четиринаесеттото издание на традиционалниот спортско-рекреативен настан насловен како „Прв до врв“, информираа од МВР.

Во рамки на настанот ќе се реализира велосипедска трка со почеток во 09:45 часот, со траса на движење од пред Музеј на град Скопје по улица „Св. Кирил и Методиј“, лево по булевар „Св. Климент Охридски“, право по булевар „Мајка Тереза“, лево по улицата „Тодор Александров“, а потоа по локалниот пат кон Средно Водно и до врвот на Водно (Милениумски крст).

Воедно, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи и планинарска тура, која ќе стартува пред ООУ „Кочо Рацин“ на булевар „Мајка Тереза“, ќе продолжи по улица „Тодор Александров“, а кај улица „Салвадор Аљенде“ учесниците ќе се движат десно по планинската патека кон Средно Водно и понатаму кон врвот на Водно (Милениумски крст).

Поради одржувањето на настанот, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел непречено и безбедно реализирање на истиот.

Поврзани вести