Skip to main content

Соработката со Словачка во фокусот на средбата меѓу Савески и словачката амбасадорка

Јавниот обвинител на Република Македонија, Ненад Савески, оствари средба со амбасадорката на Словачката Република, Ивета Хрицова, на која главна тема беше унапредувањето на билатералната соработка, со посебен акцент на европските реформски процеси во работата на Јавното обвинителство.

Како што соопштуваат од Обвинителството, на средбата биле разгледани конкретни можности за продлабочување на соработката преку директни контакти со словачкото обвинителство. 

Меѓу клучните активности во претстојниот период, преку контакти со словачкото обвинителство, ќе биде иницирана размена на искуства во повеќе области, студиски посети, како и испитување на можностите за потпишување меморандум за соработка меѓу македонското и словачкото обвинителство – стои во соопштението од Обвинителството.

Соговорниците се осврнале и на актуелните предизвици во гонењето на висока корупција, при што беше нагласена потребата од поефикасни механизми за спречување на одолговлекување на постапките.

Поврзани вести