Skip to main content

Ѓорѓиевски: Забрзана изградба на „Љубљанска“ – мостот на Вардар е во завршница

Со забрзана динамика се одвиваат градежните работи за поврзување на улицата „Љубљанска“ со улицата „Скупи“, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Преку објава на социјалните мрежи, Ѓорѓиевски информира дека проектот е во завршна фаза.

Наскоро, овој важен мост на реката Вардар ќе биде ставен во функција и ќе овозможи подобро, побрзо и побезбедно движење за скопјани“, вели градоначалникот Ѓорѓиевски.

Тој додава дека се работи на откочување на проекти и интензивирање на теренските активности со цел подобрување на функционалноста на градот.

Поврзани вести