
Македонската фудбалска репрезентација на 1 јуни ѝ гостува на Турција во контролен натпревар во Истанбул, официјално потврди денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Шукру Сараџоглу / Чобани“ со почеток во 19:30 часот по македонско време.
Репрезентацијата на Турција е учесник на Светското првенство 2026 и ќе биде сериозен тест за избраниците на селекторот Гоце Седлоски.
Претходно, македонската репрезентација на 29. мај ќе одигра контролен натпревар против Босна и Херцеговина во Сараево.

Македонски

