Skip to main content

Велковски во Центарот за социјална работа во Велес: Помошта да стигне до оние на кои им е најпотребна

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, оствари работна посета на Центарот за социјална работа во Велес, со цел на лице место да изврши увид во спроведувањето на задолженијата поврзани со постапките за остварување и користење на правото на гарантирана минимална помош и правото на социјална сигурност за старите лица, соопшти Министерството.

Во рамки на активностите, центрите за социјална работа имаат обврска итно и координирано да спроведат проверка, утврдување и потврдување на статусот и исполнувањето на условите кај корисниците на овие права“, се вели во соопштението.

Од министерството додаваат дека согласно законските рокови, директорите на центрите формираат стручни тимови составени од социјални работници и други стручни лица кои ги повикуваат корисниците, вршат непосреден увид преку разговор и проверка на документација, ја утврдуваат фактичката состојба и предлагаат мерки согласно закон.

Нашата цел е јасна – средствата предвидени за социјална заштита да стигнат до оние на кои навистина им се најпотребни. Само со одговорен, транспарентен и професионален пристап можеме да изградиме систем кој ќе биде праведен и ефикасен за сите граѓани“, истакнал Велковски.

Поврзани вести