Skip to main content

Пред турската публика претставени дигитално реставрираните филмови на браќата Манаки – пионерите на балканската и македонската кинематографија

Во рамките на „Бејоглу филмските денови“ во Истанбул, Македонскиот културно-информативен центар и Кинотеката на Македонија пред турската публика ги претставија дигитално реставрираните филмови на легендарните браќа Манаки – пионерите на балканската и македонската кинематографија.

Преку автентичните подвижни слики на Браќата Манаки, публиката имаше можност да погледне во едно одамна исчезнато време и да се доближи до самите почетоци на филмската уметност во Македонија.

Настанот беше реализиран во соработка со Кинотеката на Македонија, на која ѝ упатуваме искрена благодарност за поддршката и соработката, како и до директорот Бошко Грујоски за неговото присуство и придонес во афирмацијата на македонското филмско наследство.

Воедно, настанот беше и дел од одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Кинотеката на Македонија – институција која со децении посветено ја чува и оживува македонската филмска меморија.

Поврзани вести