Skip to main content

Трамп пристигна во Кина, пречекан со црвен тепих и цвеќиња

Американскиот претседател Доналд Трамп, пристигна во Пекинг на официјална посета на Кина.

Кога се симна од својот авион „ Ер форс 1“, Трамп беше пречекан со црвен тепих и со цвеќе.

Официјалното добредојде за Трамп го искажа кинескиот потпретседател Хан Женг.

Трамп на посетата на Кина е придружуван од неговиот стар соработник Елон Маск и неговиот син Ерик Трамп.

Со оваа посета, Трамп станува првиот американски претседател што ја посетил Кина по речиси една деценија.

Поврзани вести