
Вчера во 12:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локален пат на Водно, полицискиот службеник М.Т.(32) од с.Радишани, скопско, управувајќи мотоцикл „хонда“, сопственост на МВР, обидувајќи се да избегне лисица што излегла на патот, изгубил контрола и паднал.
Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, велат од МВР.

Македонски



