Skip to main content

Французинка заразена со хантавирус на апарати за одржување во живот, бројот на заразени расте

Фрипик

Француска патничка, која се заразила со хантавирус за време на патување со крузер, се наоѓа во критична состојба и е приклучена на апарати за вештачки бели дробови. Ова го потврди лекар од париската болница „Биша“, каде што пациентката се лекува од тешка форма на болеста.

Според д-р Ксавие Лекјур, специјалист по инфективни болести, вирусот предизвикал животозагрозувачки проблеми со срцето и белите дробови кај жената.

Таа е на апарат за одржување во живот кој ја испумпува крвта низ вештачки бел дроб, ја снабдува со кислород и ја враќа во телото. Надежта е дека апаратот ќе го олесни притисокот доволно за да им даде време да заздрават. Ова е последна фаза од лекувањето со одржување во живот“, изјави д-р Лекјур.

Досега се регистрирани 11 случаи поврзани со крузерот „Хондиус“, од кои девет се веќе потврдени. Болеста досега однесе три жртви, вклучувајќи и брачна двојка од Холандија.

Бродот моментално е на пат кон Холандија каде ќе се врши целосна дезинфекција. Првиот човек на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, смирува дека засега нема знаци за помасовна епидемија.

Поврзани вести