Skip to main content

Волкот што беше фатен во скопско Козле е безбедно транспортиран во Зоолошката градина, бил чуван како домашен миленик

Фејсбук профил на ЗОО Скопје

Волкот што синоќа, на 12 мај беше фатен во скопската населба Козле бил чуван како домашен миленик и веќе е транспортиран во Зоолошката градина. Претстојниуот прериод ќе биде во карантин под постојан здравствен надзор од стручни лица, објавија на социјалните медиуми од Зоолошката градина Скопје.

За среќа, оваа ситуација заврши без последици, бидејќи станува збор за питомо и мирно животно, но уште еднаш апелираме и потсетуваме дека чување диви животни како домашни миленици е забрането и исклучително опасно. Волците не се миленици и не смеат да се чуваат во заробеништво и несоодветни услови. Станува збор за диви животни кои имаат свои природни потреби, инстинкти и однесување. Апелираме до граѓаните доколку забележат нелегално чување диви животни, истото да го пријават до надлежните институции, велат од ЗОО Скопје.

Вечерва во населбата Козле беше забележан волк кој бил чуван како домашен миленик и на себе имаше синџир и каивче. По пријава од загрижени граѓани, на местото интервенираше МВР, а веднаш потоа пристигна и стручната служба од ЗОО Скопје и претставници од градот Скопје, а волкот беше успешно и безбедно заловен.

Поврзани вести