Skip to main content

Влада: Преку Програмата за намалување на диспаритетите и зголемување на конкурентноста за 2026 година ќе се финансираат 32 проекти

Владата продолжува со силна поддршка за рамномерен регионален развој и намалување на развојните диспаритети помеѓу општините и регионите.

На денешната седница беа разгледани и усвоени програмите преку кои за 2026 година ќе се финансираат десетици проекти насочени кон подобрување на условите за живот, локалната инфраструктура, конкурентноста и одржливиот развој.

Преку Програмата за намалување на диспаритетите и зголемување на конкурентноста за 2026 година ќе се финансираат 32 проекти, со вкупна вредност од 74.839.946 денари.

Со овие програми, Владата ја потврдува својата определба за еднаков развој на сите региони, поддршка на локалните заедници и создавање подобри услови за економски раст и поквалитетен живот за граѓаните во секој дел од државата.

Поврзани вести