Skip to main content

Што значи ако грми, светка и врни на Свети Василиј Острошки?

Како што предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, во попладневните часови се очекува локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер од западен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 80 километри на час. Според народните верувања – тоа не е добар знак.

Имено, токму на овој ден, кога православните верници го слават Свети Василиј Острошки, временските услови имаат посебно значење. Според народните обичаи, се верува дека лошото време, како што се дожд или грмотевици на овој голем ден, укажува дека Свети Василиј Острошки е лут поради гревовите што сме ги направиле, па затоа се препорачува да одиме во црква или манастир и да се молиме на Бога.

Свети Василиј Острошки има посебно место во срцата на верниците. Тој е светец кој, според верувањата, преку чуда и молитви ја покажал својата моќ и помош на сите оние што му се обратиле.

Иако многумина се однесуваат кон него со голема почит, народните верувања велат дека неговиот гнев е предизвикан од гревови и лоши дела. Ако има бура, тоа е знак дека е момент за искрено покајание, молитва и искупување.

Поврзани вести