Skip to main content
PG2UJw3pLKI

Министерство за дигитална трансформација: Анимираниот цртан филм „Кликни безбедно“ за побезбеден интернет е достапен на Јутјуб 

Министерството за дигитална трансформација информира дека анимираниот цртан филм „Кликни безбедно“, изработен во рамки на проектот МКСафеНет – Центар за побезбеден интернет, е достапен на Јутјуб (YouTube).

Цртаниот филм, како што велат од Министерството, има за цел да ја подигне свеста кај децата, младите и родителите за безбедно користење на интернетот, препознавање на онлајн ризици и одговорно дигитално однесување.

Видеото е достапно на македонски јазик, а дополнително е подготвено и на албански и англиски јазик, со цел содржината да биде достапна до поширока публика.

МИА