Skip to main content
ZKSefqBTW8A

Варот ќе му донесе титула на Арсенал

 Арсенал го победи Вест Хем со 1.0 на гостински терен во 36. коло од англиската Премиер лига.

Леандро Тросард постигна гол во 83. минута. Голот на Вест Хем во судиското продолжение беше поништен поради прекршок врз голманот Дејвид Раја. Судијата Крис Кавана ја донесе одлуката по консултација со ВАР и преглед на видео снимката.

Арсенал ја обезбеди својата трета победа по ред во Премиер лигата. На два натпревари до крајот, „топџиите“ имаат 79 бода. Тимот на Микел Артета е на пет бода предност пред второпласираниот Манчестер Сити. „Граѓаните“ имаат еден натпревар помалку.

Вест Хем, со 36 бода, останува во зоната за испаѓање на 18. место. Тотенхем, на безбедното 17. место, има 37 бода и еден натпревар помалку

Поврзани вести