Skip to main content

Ракометарите ги почнуваат подготовките за баражот со Словачка

Фото: РФМ

Македонската ракометна репрезентација денес го имаше првиот собир пред претстојните бараж дуели против Словачка за пласман на Светското првенство 2027.

Првиот натпревар ќе се одигра на 14 мај во 19 часот во Прешов, Словачка, додека реванш бараж натпреварот ќе се одигра на 17 мај во 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

На собирот присуствуваше и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, кој ги поздрави репрезентативците и стручниот штаб, посакувајќи им многу среќа и успешен настап во претстојните бараж натпревари. 

Поврзани вести