
Четвртиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, не успеа да се пласира во третото коло на Мастерсот во Рим, откако вечерва загуби од Хрватот Дино Прижмиќ во три сета со 6:2, 2:6, 4:6.
Најуспешниот тенисер на сите времиња и шесткратен освојувачот на турнирот во Рим беше поразен од 79-от тенисер на АТП листата по два часа и 17 минути.
„Тешко ми е да кажам нешто. Новак е мојот идол, имам голем респект кон него. Играв неверојатно. Но, сакам да останам смирен и да се подготвам за следниот натпревар“, рече по триумфот Прижмиќ, кој го изрази своето почитување кон најуспешниот тенисер на сите времиња и со порака „Ноле, беше задоволство“, што ја напиша на камерата, како што вообичаено прават победниците на натпреварите на главните терени на турнирите од серијата Мастерс 1000-
Во третото коло, Прижмиќ ќе игра против победникот од дуелот Ембер – Коприва.

Македонски



